По одлуката на Приштина за формирање на армија на Косово, денеска, како што беше најавено ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.

На седницата ќе присуствува и косовскиот претседател  Хашим Тачи.

Седницата ќе се одржи во 21 часот по средноевропско време и ќе биде отворена за јавноста.

Претседателот Вучиќ во саботата вечерта изјави дека ќе оди на седница за да ја каже вистината за тоа колку Србија вложила труд и енергија за да се постигне компромис, а колку други не го сакале тоа.

Според шефот на српската дипломатија, многу е важно да се чуе српскиот став на Србија за формирање на косовската армија на седницата на СБ, но не очекува никакви одлуки поради, како што вели, несогласувањето на  големите сили околу косовската војска.

Сепак Дачиќ смета дека е позитивно што ниту една членка на СБ не беше против свикување на седницата, но напомена дека САД, Велика Британија, Франција, Полска и Холандија побараа затворена седница, додека Србија побара отворена што беше поддржано од Русија, Кина, Екваторијална Гвинеја, Етиопија , Боливија и Казахстан.

SHARE