Денеска „блиска средба“ на Катица Јанева со Вилма Русковска

Шефицатга на СЈО Катица Јанева преттпладнево ќе се појави како сведок за случајот „Рекет”во Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Јанева пред обвинитлката Вилма Русковска ќе треба да објасни дали и во кое својство е вмешана во случајот на изнудување 1,5 милион евра од бизнисменот Орце Камчев, кои му ги барале Бојан Јовановски Боки 13 и Зоран Милески Кичеец за да го спасат од кривично гонење за случајот „Империја“.

На видео снимка што ја објави италијанска „Ла Верита“ се случа како Јанева преку спикерфон е вклучена во разговорот на оваа тем,а меќу Боки 13 и Камчев и во еден момент му вели на Камчев да не се секира и дека „се ќе биде ОК“.

Јанева ќе треба да сведочи дали има врска „рекетот“ од 1,5 милион евра со пуштањет на Камчев во домашен притвор, а потоа дава согласност да му се даде времен пасош.

Јанева, за „присуството“ на снимката уште изјави дека го врбувала Камчев да стане соработник и дабиде сведок во друг случај.

Јанева потврди дека на видео снимката се слуша нејзиниот глас, но изјави дека била злоупотребена.

За случајот „Рекет“ досега изјави во Обвинителството дадоа Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинет на Јанева ЈО.

Вчера за „Рекет“ три часа исказ даваше осомничениот Кичеец, а првоосомничениот Бојан Јовановски сѐ уште не е повикан од  Русковска.

SHARE