Собранието денеска напладне треба да ја одржи 137. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за негово распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Предлог-одлуката е поднесена од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Пред распуштањето пратениците во продолжение на порекинатата 135 седниица треба да гласаат за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Двата закона, со европско знаменце, се носат по скратена постапка, а за гласање е неопходно двотретинско мнозинство.

Расправата за ЗЈО почна во петокот и заврши доцна вечерта, а спикерот Џафери најави дека гласањето ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.


SHARE