По тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патот Скопје – Тетово и во која животот го загубија 14 лица а десетици се повредени, прогласени се денови на национална жалост.

Одлуката беше донесена на синоќешната вонредна седница на владата, а премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите најави дека денеска ќе ги посети повредените во болниците.

Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 17 часот, акога втобусот што се движел на релација Скопје – Гостивар излетал од патот и се превртел.

SHARE

Оставете Коментар