Денескa пресуда за Кичеец кој призна вина за „Рекет“


Пресудата за Третообвинетиот во случајот „Рекет“, Зоран Милески- Кичеец,, вчера призна вина и се очекува денеска  на пладне да му биде изречена пресуда.

„Со оглед дека обвинетиот ја призна вината се докажа дека го сторил делото. Предлагам судот да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности“, рече обвинителката Вилма Русковска.

Тој е обвинет за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.

Неговиот адвокат, Александар Новаковски, истакна дека очекува условна казна за неговиот клиент.

SHARE