Регистрирани се 594 нови случаи на ковид-19 од направени 2.617  тестирања во последните 24 часа, објави вечерва Министерствотѕо за здравство.

Од нив, над половина, односно 303 се во Скопје.

Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г). 

Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти.


SHARE