Денот кога Скопје го расплака светот

Земјотресот на 26.7.1963 година во 5:17 часот со својата уривачка моќ за само 20 секунди однесе многу човечки животи и го претвори Скопје во урнатина, а светот не остана нем на катастрофата во она што подоцна ќе стане град на светската солидарност.

Еден од најпознатите романописци, Алберто Моравија, по повод катастрофата упати апел:

„Скопје не смее да остане само репортажа од првите страници, туку и обврска на сите нас, сите луѓе кои денес-утре, по сличноста на некоја нова катастрофа, можат да станат скопјани“.

Под урнатините животот го изгубија 1.100 жители, најмалку 3.000 лица беа повредени, биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000,
200.000 останале без дом…

Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во во историјата на Скопје и Македонија.

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу денешните Злокуќани и Бардовци  постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија.

Во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес.

Се проценува дека јачината на овој земјотрес изнесувала 10 – 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи.

Скопје потоа бил изграден на денешното место.

SHARE