Дерковски: Нема „фантоми“ во Избирачкиот список

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски во интервју за МИА вели дека бројката од околу 1,8 милион гласачи на Избирачкиот список е реална и дека „фантоми“ – нема.

Тој одговорно тврди дека во Избирачкиот список има само државјани коишто имаат наполнето 18 години и имаат живеалиште во Република Северна Македонија

„Други нема затоа што и не може да има. Секој кој што стекнува државјанство веднаш се запишува во Избирачкиот список. Во државата има издадено нешто над два милиони и 400 илјади државјанства и тој е списокот, значи бројката од милион и 800 и некоја илјада е реална бројка на гласачи во нашиот Избирачки список“, вели Дерковски.

МИА

SHARE