Десет месеци затвор за статус на Фејсбук

Ален Бине е осуден на строга затворска казна од десет месеци од страна на Апелацискиот суд во Брисел, поради закани упатени преку Фејсбук против поранешната пратеничка со турско потекло, Махинур Оздемир.

Бине во 2015-та година по телевизиски настап Оздемир напишал: “Што бара оваа во нашата земја? Како е можно оваа ороспија што си го вакцинира својот одвратен турски син на наш трошок сѐ уште да не е убиена?“

Судот оцени дека овој коментар е прекршување на законот од 1981 против дискриминација и ксенофобија.

“Слободата на мислење и на изразување претполагаат право да се изразат своите убедувања, но таа слобода не е апсолутна“, смета белгискиот Апелационен суд.

ПОВЕЌЕ

SHARE