Десет лица, починаа во изминативе 24 часа, информираше Министерството за здравство денеска: двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 9 се починати во болница.

Од направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19, а само во Скопје-200,

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, бројката на оздравени пациенти е 17.239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5. 555.

SHARE