Десет странски инвестиции не „слетаа“ во Македонија

Десет странски компании што можеа да вложат во македонската економија, не го сторија тоа, објави телевизијата Сител.

Четири фирми ја заобиколија Македонија, а шест, и покрај пројавениот интерес да инвестираат во земјава, и понатаму не вложуваат.

Американските компании „Адиент“ и „Аптив“, кои имаат фабрики тука, решија да го прошират бизнисот во Србија. Корејската „Јура“ отвори фабрики во Албанија и во Србија, а северниот сосед за инвестирање го избра и германската „Зет еф“.

Со албанската „Саген“ и со германската „Кеслер“ договорите ќе бидат раскинати, а висат и две најавени инвестиции од Турција и по една од САД и од Обединетите Арапски Емирати.

SHARE