Десетчлено семејство од „Медена земја“ бара помош

Семејството на Љутфије Сам кое се појавува во документарниот филм „Медена земја“, бара помош за осумте деца од кои најмалото има една година, објави „ТВ 21“.

Во старата куќа нема основни услови за живот, а децата немаат каде да се бањаат. Единствен приход им е продажбата на мед, а добронамерни луѓе помагаат колку што можат со добротворен прилог. Десет-членото семејство бара од хуманите лица да им помогнат со храна и облека. Владата вети дека ќе помогне на ова семејство.

SHARE