Десетина припадници на МВР избркани од резиденцијата на Пендаровски

Десетина припадници на МВР кои се дел од обезбедувањето на претседателската вила на Водно веќе втор ден седат дома откако на навредлив начин биле испратени дома од нивните старешини.

Најголем дел од нив се искусни професионалци кои и по дваесетина години се на одговорни работни места во МВР.

Дел од нив се обучувани од специјални оддели за безбедност на пријателски земји членки на ЕУ и НАТО и се сметаат за високо обучен кадар на полицијата.

Припадниците на секторот во МВР кој се грижи за обезбедување на функционери и објекти вчера наутро дошле во резиденцијата на Пендаровски каде требало да се јават на работа но воопшто не биле примени во објектот каде работеле со години туку со нив било разговарано во приемното одделение.

Дома ги испратил еден од командирот на претседателската вила кој им порачал да се стрпат неколку дена, да земат слободни денови или денови од одмор додека не се дојде до политичка разврска на проблемот.

Претходно техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ги поништи наредбите со кои обезбедувањето на претседателот беше распореден на други работни места со што тие според законот требало да се јават на работа во претседателската резиденција.

Практично откако незаконските наредби на Оливер Спасовски беа поништени на сила е последното решение со кое десетината професионалци на МВР од Одделот за заштита на определени лица и објекти треба да се вратат на работа во вилата Водно.

Според тоа решение професионалците кои сега се дома биле дел од обезбедувањето на повеќе претседатели и премиери уште од времето на Борис Трајковски.

Сега тие се жртви на недоверба од Пендаровски и политички реваншизам, седат дома и чекаат да се направи политички договор.

Засега тие немаат ни писмена наредба да седат дома што создава опасност доколку три дена не се појават на работните вести каде што одбиваат да ги примат да ги загубат работните места или да бидат цел на дисциплински постапки.

SHARE