Министерката за правда Рената Дескоска испрати циркуларно писмо до сите претседатели на судовите и до претседателот на Судски Совет, во кое укажува на измените и дополнувањата на Законот за судовите од април годинава, со посебен фокус на основите за нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Како основа за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција се случаите кога судијата без оправдани причини не ги закажува рочиштата во предметите кои му се доделени или на друг начин ја одолговлекува судската постапка.

Друг основ за утврдување одговорност е доколку судијата не го земе предметот во работа заради што настанува застареност на кривично гонење или застареност на извршување на кривична санкција за кривичното дело, пренесува Плусинфо.

SHARE