Дескоска: Прво избори, па ветинг во правосудството

Министерката за правда смета дека ветинг во правосудството ќе има – по изборите.

Мора да бидеме свесни дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско мнозинство, а тоа како и дебатата за ова прашање не може да се заврши пред изборите, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

„Тоа е реалност, ниту еден процес не треба да биде избрзан. Драго ми е дека веќе се јакне свеста и се отвора дебата и во рамките на самите правосудни институции дека потребни се одредени корекции во нивното работење, така што тоа 99 посто, ако не и 100 отсто ќе остане за после изборите“ – додаде Дескоска.

SHARE