Дескоска влезе во “Црна кампања”, ја искараа членови на СДСМ (ФОТО)

Невообичаено за нејзината досегашна активност на социјалните мрежи министерката за правда Рената Дескоска започна црна кампања на Фејсбук.

Во постот таа прикажува фотошопирана фотографија од Христијан Мицкоски и лидери на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Никола Груевски во позадина и ги заплашува граѓаните дека ако тие победат ќе се врати режим.

Во пораката таа споделува и пост на лажен профил кој е познат по ширење на говор на омраза што дополнително ги изненади дури и нејзините најверни следбеници.

“Министерке би требало овај црн начин на политичка пропаганда да ја оставите за партиските војници, од вас се очекува да држите некое ниво”, и порачува еден нејзин пријател на фејсбук.

“Апсолутно согласна. Рената ми била идол и секогаш со највисоко мислење за нејзе. Да не го рушиме нивото со нешто што ниту приликува на партијата со проевропски вредности, ниту на нејзината афирмација како една од најпочитуваните”, коментира девојка која ја сметала за идол но не прифаќа црна кампања од министерката за правда.

SHARE