По контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина, биле откриени 22 граѓани кои одбегнале плаќање на патарина

Од извршената контрола било констатирано дека спротивно на Законот, постапиле и деветмина возачи вработени во МВР, соопштија од Министерствотоза внатрешни работи, дознава Макфакс.

На возачите им се изречени глоби во висина од 200 евра, а против полициските службеници кои ги злоупотребиле службените легитимации ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

SHARE