Ди Мајо: Макрон се однесува како навредена величина

Откако француските власти го повикале на консултации својот амбасадор поради тоа што италијанскиот вицепремиер Луиџи Ди Мајо бил во Франција за да се сретне со лидерот на „жолтите елеци“ , Ди Мајо вели дека Емануел Макрон се однесува како навредена величина.

Тој за агенцијата „Блумберг“ рекол дека неговиот состанок со претставниците на француското движење „жолти елеци“, Макрон го гледа преку призма на законот – навреда на величеството (lese-majeste).

„Жал ми е што ова Макрон го доживеа како навреда. Нормално е политичката сила, која не дели исти идеи со неговата партија, да се состане со друга сила, која ќе се кандидира на европските избори“ порачал Ди Мајо за „Блумберг“.

SHARE