Дибала по 4-ти пат позитивен на корона

Проблемите на Пауло Дибала со коронавирусот не стивнуваат, затоа што аргентинскиот ас никако не може да се ослободи од незгодниот вирус. 

Фудбалерите од Италија би требало на четврти мај да им се вратат на тимските тренинзи, а тешко веројатно дека меѓу нив ќе се најде и ѕвездата на Јувентус. Дибала повторно беше тестиран неговиот наод по четврти пат во последните шест седмици е позитивен. 

На 21 март на социјалните мрежи потврди дека е заразен со вирусот ковид-19, а по 21 ден изолација сите очекуваа дека вирусот е минато за него, но италијанските медиуми пишуваат дека повторно е заразен. 

Што значи агонијата на Дибала со овој вирус сè уште трае. Тамошната јавност пишува дека постои голема можност фудбалерот да биде пратен на специјално лекување, како би ја завршил оваа „битка“ со вирусот.

Извор Гол.мк.

SHARE