Дибиров: Последен меч. Благодарам за сè Македонијо и Македонци

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, пред вечерашниот прв четвртфинален дуел во Лига на шампиони со ПИК Сегед во СЦ „Јане Сандански“ се обрати преку Инстаграм.

„Последен натпревар МК. Благодарам за сè Македонијо и Македонци“, напиша левото крило на вардарци пред последниот настап на домашен терен во ЛШ сезонава покрај фотографијата од славењето на плоштадот „Македонија“ на европската титула во 2017 година.

Првото странско засилување за Вардар по преземањето на клубот од Сергеј Самсоненко, кој најави заминување по завршувањето на сезонава, за следната се поврзува со Мешпков Брест.

SHARE

Оставете Коментар