Диџеј Панчо до Шилегов: Можеш да си рушиш по дома, „Универзална“ не е ни на мајка ти, ни на татко ти

Владимир Блажев, алијас Диџеј Панчо, им се обрати на гушкачите (на ГТЦ, на дрвјата…) за време на претходната власт, како и на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по најавата за уривање на „Универзална сала“ и изградба на парк со летна сцена на нејзино место.

„А бе, ќе ја гушкате Универзална или ве вработија во администрација и по функции, па некако не ви се гледа нит слуша а 🤔
А ти Петре, да си рушиш и реновираш можеш по дома, ова не е нит на мајка ти нит на татко ти, а уште помалце твое. Не можеш да рушиш традиција, историја и симбол на еден град па и на државата, ама па што знаеш ти од уметност и традиција така да ништо ново за тебе 🤡🤮🤡🤮

#УниверзалнаСалаСимболНаСкопје“, реагира Диџеј Панчо на Фејсбук.

SHARE