Дијамант во дијамант пронајден во Сибир (ВИДЕО)

Единствениот двоен дијамант со уште еден скапоцен камен во внатрешноста е пронајден на Сибир, пишува “Daily Mail”.

Дијамантот стар 800 милиони години е наречен “Матрјошка” бидејќи потсетува на традиционалната руска кукла.

Надворешниот дијамант има димензии 4,8 по 4,9 по 2,8 милиметри. Внатре во него има уште еден, помал дијамант, со димензии 1,9 по 2,1 по 0,6 милиметри.

Олег Ковалчук, од руската компанија “Алроса”, која го пронашла дијамантот во Јакутија, рекол дека ова е единствена креација на природата и дека вакво дијамант досега не е пронајден.

“Алроса” планира да го прати дијамантот во Геолошкиот институт на САД на понатамошни истражувања.

SHARE