ДИК: До 13 часот поголема излезност споредено со првиот круг


20,50 проценти e oдѕивот на гласањето на вториот круг од Претседателските избори до 13 часот.

Според обработените од 99,07 отсто од избирачките места до 13 часот гласале 367.692 гласачи.

Најголема излезност има во Крива Паланка, Крушево, Прилеп и Кратово а најмала остануваат Врапчиште и Желино.