ДИК не почнала подготовки за избори

Државната изборна комисија (ДИК) демантира дека ги почнала подготовките за предвремените парламентарни избори.

„Информираме дека ДИК, во целост ја почитува Уредбата со законска сила за прашањата поврзани со изборите бр.442413/1 од 21 март 2020 година, донесена од владата врз основа на која ДИК усвои Заклучок за прекинување на сите изборни дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието, закажани за 12 април 2020 година бр. 08-1022/1 од 22 март 2020 година“, соопшти ДИК откако таква информација се појави во некои медиуми.

SHARE