ДИК очекува распишување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) очекува да се распишат изборите за предвремените парламентарни избори најавени за 12 април изјави на ДИК, Оливер Деркоски за МИА.

„ДИК очекува да се распишат изборите онака како што е најавено и онака како што сите знаеме и дека од тоа причини презеде определени мерки или дејствија во изминативе денови за да се организира на време, веднаш по распишувањето да ја одржиме првата седница и да ги донесеме потребните акти“, изјави Деркоски.

Спикерот Талат Џафери го помести датумот за распуштање на парламентот од 12, за недела, 16 февруари.

SHARE