Емил Димитриев, технички премиер пред парламентарните избори во 2016 година, го коментира поставувањето на полската болница кај Инфективната клиника во Скопје за справување со коронавирусот.

„Полската болница Roll 2, со ниво на опременост за хируршки интервенции, од утре во употреба за медицинска заштита на граѓаните на Македонија. Ја обезбедивме како донација во 2012 година од Кралството Норвешка со вредност од 2 милиони евра. Дел од оние што денес се гордеат со неа, тогаш критикуваа дека за нашата земја финансиски е неодржлив овој ресурс. Добро е што ја имаме, што помалку да се користи“, објави Димитриев на Фејсбук.

SHARE