Димитрис Каменос: „Независни Грци“ да го напуштат парламентот

Пратеникот на „Независни Грци“, кој минатата недела беше исклучен од партијата зашто гласаше „против“ изгласување доверба на коалиционата влада околу договорот за името со Скопје и од кого поранешните сопартијци побараа да го врати пратеничкиот мандат, денеска го врати ударот.

Одговарајќи им на оние кои побарале да го напушти пратеничкиот место, Димитрис Каменос, утрово за ANT1 изјави дека сите пратеници (Независни Грци АНЕЛ) мора да ги напуштат своите пратенички места бидејќи ги погазија основните принципи на партијата пренесува „То Вима“.

„…го крстија Скопје, тие ќе бидат засекогаш виновни“, рече тој.

Во исто време, тој повтори дека нема да се повлече од позицијата потпретседател на парламентот и го повика АНЕЛ да собере 50 потписи и да поднесе предлог да му биде изгласана недоверба.