Димитров е првиот рибар што ловел со бела свечена кошула (ФОТО)

Носителот на СДСМ во првата изборна единица Никола Димитров денеска објави дека се дружел со весели рибари во близина на Македонски брод кој е дел од истата изборна единица.

Димитров облечен во свечена бела Кошула на објавените фотографии се пофали дека фатил една риба.

“Дружба со весели рибари во преубавата природа на Поречието, местото каде исконски бистрата и кочан ладна Беличка Река се слива во Треска. Си фатив и една сребрена попадика. Ја пуштив назад, со молба да ми исполни една желба 😉”, напиша здимкрров на Фејсбук.

Вообичаената опрема на рибарите може да се види на фотографијата лево.

Во коментарите на социјалните мрежи рибари од него бараат да не глуми рибар затоа што вистински риболовец на риболов не оди со скапа бела кошула туку со посебна опрема или со стари алишта.

Линк до статусот на Димитров

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2752676438279091&id=1613812852165461&sfnsn=mo

SHARE