Димитров и велесилата Македонија – Пишува Роберт Димитриевски

Николас Мадуро од вчера наваму место не го фаќа. Раатот, а богами и чаламот, му ги зеде министерот за надворешни работи на Северномакедонците, Никола Димитров. Откако разбрал претседателот на Венецуела за објавата на шефот на дипломатијата дека и неговата земја за привремен претседател го признава спикерот на Парламентот, Хуан Гваидо, многу се потресол. Извори од претседателскиот кабинет во Каракас откриваат дека Мадуро не се исплашил толку ни од заканата од неговиот американски колега Доналд Трамп, кој не исклучува воена интервенција во јужноамериканската држава. Дури третиот „дијазепам“ му помогнал на наследникот на Уго Чавес да се смири од уплавот што го обзел кога сфатил дека ѓаволот ја однел шегата штом и официјално Скопје му ја бара главата.

Толкувајќи ја вчерашната вест на денот во Боливарската република, со потенцијал да го смени текот на историјата во овој дел од светот, венецуелските новинари не пропуштија да забележат колку силен планетарен играч стана балканската држава откога нејзиното Министерство за надворешни работи го води Димитров. Советниците на Мадуро бездруго му шепнале на уво дека и еден Ким Јонг Ун почнал да пелтечи откога македонското МНР официјално побара мораториум на нуклеарната програма на Северна Кореја. Хутите од Јемен, пак, не само што престанаа да ја ракетираат Саудиска Арабија, туку и се расформираа и фатија џенем по осудата од министерството на глобалниот „дрматор“ Димитров. А најмногу му се стресоа колената на Владимир Путин, откако Владата во која министерува несудениот македонски амбасадор во Москва се солидаризира со Велика Британија во случајот „Скрипал“ и протера руски дипломат од Скопје.

Дипломатскиот булдожер, кој веќе го надрасна и габаритот на еден Ричард Холбрук, меѓу две светски кризи стигна да стави точка и на безмалку тридецениското грчко оспорување на името на македонската држава. Откако го шармира државниот врв на јужниот сосед, со елегантно движење на пенкалото врз договорот во Нивици ги скина од смеење шефот Зоран Заев, колегата Никос Коѕијас и премиерот Алексис Ципрас. Последниве двајца уште можеле да се видат на заболекар во Гевгелија, откако вилиците им се искривиле од урнебесната смеа што потпишал Димитров.

И како сега, по толку самопрегор во служба на светскиот мир и благосостојба, покрај гинењето за татковината, која за нецели две години на функцијата ја промовира во велесила, човек да не падне во искушение да го предложи за некаква меѓународна награда. Не мора да е Нобелова, оти не е убаво да им се меша во штипки на Заев и на Ципрас, но малку е и онаа „Алојз Мок“ што ја лапна неговиот претпоставен од австрискиот канцелар Себастијан Курц.

За еволуцијата во ставовите од времето кога беше преговарач за името до ланскиот автограм врз документот за негова промена се наметнува потребата од посебно признание. Баш како и за реплицирањето на мрчаторите дека е горд на својата ќерка за добиената државна стипендија од 40.000 долари за студирање во Холандија за време на неговиот мандат.

Едноставно, дипломат и татко за пример од држава за пример. Земја со ваков министер и планета со ваква држава не треба да се грижат за својата иднина. Ним само небото им е лимит. Тоа го знаат и Зоран, и Заев, а богами и Мадуро.

SHARE

8 Коментари

  1. Амбасадорите на Турција и Унгарија во НАТО да не го потпишуваат во среда во Брисел протоколот за пристап на Македонија во Алијансата. Вакво барање ќе испрати утре политичката партија на Јанко Бачев, Единствена Македонија. https://makfax.com.mk/makedonija/партијата-на-бачев-бара-од-турција-и-ун/

  2. Димитров е шпион и лудак, без капацитет да потпише било што, како непресметлив и од фактот дека сам признава шпионско делување дури од 2010. Оној момент кога кажа дека народот е искомплексиран и дека се срами од сопствениот народ и се ова го кажа во Собранието на РМ обраќајќи се како Министер за надворешни работи на РМ, тој момент докажа ДЕКА Е ЛУД и НЕПРЕСМЕТЛИВ, и дека не е во психичка состојба да потпише ништо што е правно обврзувачки! ПОНИШТУВАЊЕ ПРЕСПАНСКИОТ, а Димитров и Заев во лудница!

  3. Чоекот си е еден паметен дечко, којшто се обидува да балансира во Сеферџан, за да дојде или да ја продолжи личната корист. Единствено ИЧ што не ми се бендиса е тоа што си даде сам од нашите пари на ќерка му 40000 долара, с`нќим на мајкаму ратка или татко му се… И барем девојчето да е тука и тука да ги троши. Арно ама везе нема. Башка има попаметни деца од нејзе. Сигурна сум, зашто овде во јабана, има македонки што ја шијат и заработуваат за 6 месеца толку.

      • krajno si drzok i bezobrazen i nekulturen i krajno primitiven ! tvojot kratok komentar kazuva sve ! !
        osven so si PRIRODNO MENTALNO SHIZOFRENO KOPILE a so toa i maksimalno “motiviran” vo tvojata shizofrena “realnost” so koja nesvesno a mozebi i so del od mozokot i svesno odrabotuvas za AGIPROP na fashistickiov rezim i si gi zivees tvoite 5-minuti vo zivotot ! takvi stvorenja prirodno se ragaat i ne moze namerno vo bilo koja “skola” da gi stvoris tuku moze samo nadogradba i so sto vo daden moment kako sega vo Makedonija TURBO SE OSEKAAT SILNI i sigurni ona sto go pravat
        nema argumenti nema logika nema znaenje nema nit covecnost ama ima neverovatna antimakedonska umobolna do krajni granici omraza kon sve sto e makedonsko ! jas ednas pisav deka si siptar no ne kako navreda tuku deka navistina si nacional-shovinisticki siptar i nemozes da zamislis makedonci niti bilo sto makedonsko iako sto so shizofrenijata si totalno nadvor od realnosta ! imas nekoe nivo na inteligencija i vo najgolem slucaj pokusavas da manipuliras so nekoi informacii ili podatoci zoso (NE)ocekuvas odgovor od druga strana zatoa sto poveketo ne sedime pred kompjuterot i vo stalinisticki i pedantno uber-fashisticki stil vodat evidencija za se i sesto pa eve ne ti odgovaraat so nekoi konkretni odgovori !… eve jas ke te informiram a ne mislam da navleguvam vo polemika zoso so shizofrenik NEMA KRAJ ima samo verglanje vo krug i so negacija na negacijata sto samiot toj sto kazuva ! ! …. imam podosta odgovori za mnogu raboti no niti jas niti bilo koj ima tolku vreme da se zanimava so tebe da ti odgovara , a si gledat lugeto do kaj ti e mozokot !
        i porano pisav no eve uste ednas … TI SI I PSIHO-MAZOHISTA koj ednostavno uziva koga te vregaat i i mozebi i svrsavas od vozbuda so toa sto gi “palis” od drugata strana !
        i jas nekogas upotrebuvam nekoi seksisticki zborovi ama ne bas taka vulgarno i direkno pogotovo prema nekoj sto so nieden zbor direkno kon mene se obratil so nekoja maloumnost pa i takvi direkni vulgarnosti ! ! no eve ti i edno svrsavanje ….
        eden …PUSI KUR MAGARESKI ! ! verovatno ke ti bide do kraj na zivotot ….2minuti ! !

Оставете Коментар