Димитров: Македонија реши да ја повлече апликацијата за ЕУ!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров објави „бомба“ на својот профил на Твитер, соопштувајќи дека Македонија донела одлука да го повлече своето барање за членство во Европска унија.

„По години и години како земја-кандидат, уморна од чекање да почне преговори за пристапување, инспирирана од Брегзит и во солидарност со Велика Британија, Република Македонија одлучи да ја повлече својата апликација за ЕУ и да се збогува со своите европски аспирации!“, твитна Димитров на англиски јазик.

Трите дополнувања на пораката со хаштаг, сепак, појаснуваат дека, всушност, станува збор за сопствен прилог од шефот на македонската дипломатија за денешниот Ден на шегата 1 април.

 

SHARE

Comments are closed.