Димитров: Нашата страна е на надежта и оптимизмот, од другата се стравот и ровот

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за бугарската комерцијална телевизија БТВ проговори и за претстојните претседателски избори во Македонија.

„Нашата страна ја викам страна на надежта и на оптимизмот, од другата е стравот и ровот. Имаме консултации со граѓаните, правиме анкети со други политички партии и многу скоро ќе се знае околу кој кандидат ќе се обединиме. Имаме многу квалитетни имиња“, изјави Димитров.

„Чест ми е што и моето име се споменува како можен кандидат. Тоа е голема работа“, додаде тој.

Во врска со македонско-бугарските односи шефот на дипломатијата прокоментира: „Бугарија и Македонија имаат многу заеднички историски моменти и личности и тоа е убаво, претпоставка за блискост, а не за конфликти. Без заемна почит, двете страни не можат да бидат блиски“.

„Поради името бевме заклучени во чекалницата на НАТО и на ЕУ и затоа најдовме начин да го промениме тоа, но ние си остануваме исти како идентитет – пак сме Македонци“, одговори тој на прашањето за промената на државното име во Северна Македонија.

SHARE

6 Коментари

  1. Само Игор Јанев може да не спаси од овие будали од СДС и од вештачкото име Северна Македонија!

  2. Со предавства, лаги, корупции не се создава надеж и оптимизам, туку ароганција, омраза, револт, пониженост, освета…

  3. Овој Димитров е поглуп и од ген. С. Ангелов! Какви дебили, Димитров, Заев, С. Ангелов!

Comments are closed.