Димитров не отфрла кандидатура за претседател

На прашањето на новинарката Славица Арсова дали планира да се кандидира за претседателските избори првиот македонски дипломат Никола Димитров, во интервју за телевизија Сител, вели дека предност му е европскиот пат на земјата.

Најавува дека во СДСМ ќе се отвори процес на дебата, анкети, консултации со коалициски партнери, во кои ќе биде вклучен и тој но не отфрла дека во некоја фаза од процесот може да биде кандидат за претседател.

“Во оваа фаза важно е повеќе да мислиме на тоа каков профил ни треба за преседателски кандидат, истакна Димитров и изрази уверување дека властите ќе излезат со одличен кандидат за шеф на државата.

Запрашан за можноста со претседателските да се одржат предвремени парламентарни избори нагласи дека тој по природата на ресорот што го води е упатен да ја има големата слика во вид.

“Од една страна разбирам, на некој начин Владата беше предизвикана од опозицијата да размислува за вонредни парламентарни избори во ситуација кога сите анкети велат дека опозицијата ќе загуби. Втор аргумент може да биде тоа што решивме едно големо прашање и инстиктивно сакаме да си го освежиме легитиметот пред народот, вели Димитров но напоменува дека од друга страна државниот интерес налага овие месеци што претстојат до објавување на извештајот на ЕК да се искористат за тоа, бидејќи и ЕУ се соочува со свои предизвици во периодот што престои.

Нашата задача во оваа смисла е да обезбедиме се за да ги дадеме резултатите – тоа е НАТО членство или почеток на преговори”, смета шефот на македонската дипломатија.

SHARE

9 Коментари

      • Јас сум за Тања или Солза, евентуално Сиљановска или Ванковска.

      • Само Тодор Петров! Тој со поддршката на ДПМНЕ! Петров е најсилен кандидат! Ќе победи сите други! Овие немаат шанса: Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров, Трајко Славески, Имер Селмани,….

    • Со Игор Јанев Македонија ќе стане полициска земја како во периодот на Ранковиќ. Напред патриоти!

      • Го познаваш проф.др. Игор Јанев, знаеш кои се неговите светоназори?
        Значи сега као има демократија, слобода се почитува правниот поредок, човекови права и останати неважни работи, ама кога Јанев би бил претседател би добиле полициска држава, види вака можеби е подобро полициска отколку квислиншка марионетка, што велиш а?
        Како прво лажно се представуваш, затоа што со политиката која ја води твојот СДССС (соодветно би било социјалдемонкратски северџански сојуз) ја уништува Македонија, па прашањето за која Македонија збориш таа што веќе ја нема?!

Comments are closed.