Димитров ја моли ЕУ за датум и поради „очигледниот демократски пресврт што го направивме“

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето пред Комисијата за надворешни работи на Европски парламент со молба до Европски совет да ѝ одобри на Македонија старт на преговорите со Европска унија.

„Сега е времето за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија. И тој е заслужен, како што потврдуваат многумина. Не само поради долгото чекање, или поради пошироко фалениот Преспански договор, или поради очигледниот демократски пресврт што го направивме. Туку пред сè поради тоа што 90 проценти од македонските граѓани гледаат на ЕУ како на светилник, светилник на надежта, силно верувајќи во нејзините вредности. Бидејќи тоа е вин-вин за Северна Македонија, за регионот, за ЕИ и за наративот за надежта. Го молам Советот да ја направи вистинската работа!“, изјави шефот на дипломатијата.

SHARE