Димитров призна дека референдумот за името беше неуспешен – им фалеле гласови против! (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за јавноста насочена против заложбата на неговата главна ривалка Гордана Силјановска во првата изборна единица за поништување на Преспански договор призна дека референдумот за името од 30 септември 2018 година беше неуспешен!

„Слушнавме преку викендот дека г-ѓа Сиљановска ќе барала да се поништи Преспанскиот договор. Договор што го поддржаа речиси 610.000 македонски граѓани кои гласаа ‘за’ на референдумот, кој што за да биде успешен не ни фалеа повеќе гласови ‘за’, туку ни фалеа гласови ‘против’“, изјави носителот на листата на СДСМ во „единицата“.

На пропаднатиот референдум според официјалниот заклучок и на Државната изборна комисија излегоа само 36,91 проценти од избирачите, далеку од потребниот цензус од 50 отсто плус еден глас. Од излезените избирачи, 37.700 одговорија „не“ на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Власта предводена од партијата на Димитров, сепак, не ја послуша јасно изразената волја на народот со масовниот бојкот на референдумот и со осумтемина уценети пратеници на опозицијата го протурка договорот во Собранието, преименувајќи ја државата во Северна Македонија.

Целата изјава на Димитров:

SHARE