Димитров: Срам ми е да ве слушам!

Обраќањето на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на вчерашната седница предизвика негодување кај пратениците од опозицијата, но и на социјалните мрежи каде беше споделувано видео со дел од обраќањето.

„Се работи за нација со комплекс која мора да си бара назад 2.000 години корења. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кои сме. Со тоа копањето назад што е комплекс на несигурност во себе и на инфериорност, дадовте аргументи на политичките сили во Грција кои не сакаат да има Договор. Изгубивме пријатели, од жртва, станавме луѓе кои се клоцаат“ рече Димитров во расправата за утврдување на нацрт амандманите на Уставот.