Димитров: Тие што не гласаа на референдумот не постојат

Се бројат гласовите само на тие што гласале и според тоа, референдумот е успешен, прогласи Министерот за надворешни работи и потписник на договорот од Преспа, Никола Димитров.

„Ако од над 650.000 граѓани кои гласале, над 600.000 гласале „ЗА“, тоа е очигледен политички мандат Македонија да оди напред. Поголем од било која претходна победа на било која политичка партија. Дури и да имаше еден милион излезени гласачи (далеку над цензусот) пак мнозинската волја на народот ќе беше јасно изразена. Можат да се бројат само гласовите на оние кои гласаат. Сега останува да се послуша таа народна волја од страна на пратениците во Собранието, согласно програмата на опозицијата каде впрочем се зборува за мнозинство гласови од тие кои гласале. Им должиме на граѓаните иднина! И ќе ја обезбедиме, вака или така!“, напиша Димитров на својот профил на Фејсбук, без да објасни што значи „вака или така“.