Димитров во Брисел во обид да издејствува „зелено светло“

Министерот за надворешни работи Никола Димитров попладнево ќе се обрати пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент каде ќе oи претстави напредокот на земјава пред утрешниот клучен состанок на министрите на ЕУ во Луксембург на кој ќе се разговара за давање зелено светло за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Вечер треба да се одржи амбасадорски состанок на кој ќе се направи обид да се усогласат ставовите на земјите членки околу можноста за давање датум за двете земји, но ситуацијата не е најповолна.

Франција се противи на отворањето преговори сѐ додека нема конкретен напредок во борбата против корупцијата, судските реформи, транспарентни и објективни пресуди…,

Париз, исто така, смета дека не треба да се отворат преговорите сѐ додека не се реформира методологијата на преговарачкиот процес со земјите кандидати.

Против проширувањето со Албанија е и Холандија која се противи Албанија и Македонија да добијат датум „во пакет“.

SHARE