Димитров во Софија: Нема блискост без заемна почит

Нема шанси Македонците и Бугарите да бидат блиски доколку  нема меѓусебно почитување, изјавил за БТВ, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој денеска е во посета на  Бугарија и ќе има средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.

Според Димитров, Бугарија и Македонија имаат многу заеднички историски моменти и личности. Ова беше добар предуслов за близината меѓу двете нации, а не за конфликти, пренесува бугарски News.bg.

За промена на името на земјата,  Димитров објаснил дека  поради долготрајниот спор со Грција, земјата беше затворена во чекалната на НАТО и ЕУ. Затоа, бил најден начин да се надмине тоа, но во исто време Македонците да не го изгубат својот идентитет како Македонци.

Околу престојните претседателски избори  Димитров за БТВ рекол дека  е горд што неговото име се споменува меѓу учесниците во  трката.

SHARE