Димовски: Ако Заев, Спасовски и Димитров му премолчат на Рама Македонија не е држава

“Лудило од 19-ти век. Еди Крстач Рама и неговото право”, пишува пратеникот Илија Димовски по најавата на официјална Тирана дека ги отвара границите само за Албанците од регионот но не и за Македонците, Црногорците и Србите.

“Доколку на ваква постапка од страна на Албанија нема сериозна и одговорна постапка од страна на Владата на Република Македонија и сите фактори во државата (вклучително и партиите на Албанците) тогаш ние не сме држава, туку сме случајна територија со случајни граници, население и изгубена власт…

Ова е дискриминација по етничка основа спрема граѓаните на Република Македонија. Нашиот Устав ја обврзува Владата да се грижи за еднаквоста на сите без разлика на етничка, верска или било каква разлика. Односот на Албанија е непочитување на нашиот ред и поредок и нашата уставна еднаквост. Република Македонија има обврска да се погрижи другите држави да ги третираат македонските граѓани еднакво”, пишува Димивски.

Пратеникот прашува дали одлуката на Рама треба да значи дека ние како Република Македонија имаме право да донесеме одлука дека од Албаније ќе влегуваат само Македонци или замислете (лудило) од Косово да влегуваат само Срби.
Или да донесеме одлука дека од Косово ќе ги примаме само кога идат во шопинг, но не и за други потреби.

“Или замислете сега Бугарија да дозволи само влез на оние со бугарски пасош. Тоа би бил патот кон 19-ти век.

Ако на ова не реагираат ДУИ, Алтернатива, Алијанса и Беса, тогаш еднаквоста која ја бараат е само покритие со убави зборови

Да потсетам дека пред неколку дена Србија, Бугарија и Грција отворија граници и направија коридор прескокнувајќи не нас”, пишува Димовски по шокантната вест што ја јави Албанската Телеграфска Агенција а ја пренесе СДК.мк.

СДК: Албанија ги отвара границите само за Албанците од регионот, Македонците ќе почекаат

SHARE