„Две државни постапки од вчера и денес не прават апсолутно со право да кажеме:
ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОИ ЕДНАКВОСТ НА ГРАЃАНИТЕ.., пишува на Фејсбук пратеникот Илија Димовски.

„Ако покренуваш постапка против верско лице од една религија заради повик, а не го правиш тоа спрема верско лице од друга религија заради закана, тогаш нема ЕДНАКВОСТ…

Ако покренуваш постапка против верник од една религија за непочитување на владини мерки (забрана за посета на гробишта) , а во насока на остварување на своето право на слободно изразување на вероисповеста, а не покренуваш постапка против верник од друга религија за непочитување на владини мерки (забрана за собир на повеќе од три лица и пропишан полициски час), а во насока на очигледно политичко удварања, тогаш нема ЕДНАКВОСТ…

Ако на верници на една религија не им дозволуваш исполнување на уставно право и организираш целосна државна пропаганда против нивното право на вероисповест, тогаш прекршуваш не само Устав, туку и основни човекови права…

Ако на граѓани атеисти, на граѓани без редовна пракса на вероисповед и на граѓани кои не се чуствуваат како верници им ускратуваш права, кои им ги даваш на граѓани верници (од било која вера) и тогаш нема ЕДНАКВОСТ…

Срамота е ова…

Владата не само што не успеа да се справи со здравствената криза,
ја забрза економската криза, направи неуставна алхемија и свесно контролира политичка криза, успеа да создаде и недоверба и криза со различен третман по основ на етничка и верска припадност…

Затоа, под итно или запрете ги сите постапки по основ на вероисповедување, или започнете постапки за сите без разлика на нивната вероисповест…
Си играте со лоши чуства…“, пишува Димовски.

SHARE