„Ние никогаш не го достигнавме политичкиот развој да можеме да имаме актуелна влада во чиј мандат ќе се избере претседател од спротивна опција.
Мислам дека госпоѓата Силјановска ќе внесе една нова содржина и мислам дека заслужува поддршка од сите нас кои сме членови на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали се согласуваме со сите политики на партијата“, вели пратеникот Илија Димовски во интервју за Радио Слободна Европа.
Димовски смета дека кандидатот на СДСМ, не е најдобриот од она што го имаа како потенцијал за кандидат.