„Дипломати“ водат партиска пропаганда, МНР молчи (2)

Портпаролот и другар на министерот за надворешни работи Јане Лазевски е уште еден од луѓето што добиваат пари од министерството за надворешни работи а во работно време преку социјалните мрежи води пропаганда во корист на СДСМ а против опозицијата.

Лазески во јавноста стана познат откако на новинар на ТВ21 му се закани дека ако му постави прашање на министерот Димитров никогаш нема да добие интервју.

Лицемерието на еден поранешен граѓански активист

Во некои од своите постови во кои сака да го навреди ВМРО-ДПМНЕ тој граѓаните ги споредува со МАЈМУНИ.

Лазески на социјалните мрежи се јавува преку профилот на Твитер “42” од кои како што може да се види на дел од сликите, во работно време води класична партиска пропаганда а не работата за која го плаќа министерот – односи со јавност.

Лазески не е вработен во МНР туку добива месечен хонорар со непозната висина а постојано оди на патувања во странство со неговиот другар и претпоставен министерот Димитров за што најверојатно добива дневници.

Лазески од медиумите беше споменуван и во случајот со набавката на 5000 евра вреден фото апарат набавен од МНР.

МНР купи фотоапарат за 5000€!

Предходно expres.mk објави слична сторија и за вршителот на должност амбасадор во Москва блиска на Димитров која во работно време води партиска пропаганда.

Дипломати шират партиска пропаганда, МНР молчи (1)

SHARE