Дипломатски гаф на Димитров: Србија и Србите изненадени и навредени

Еден “лајк” на коментар на Фејсбук може да предизвика ново влошување на односите Скопје – Белград откако на првиот дипломат во државава му се допадна идејата дека “Србија треба да оди во пеколот” .Министерот Никола Димитров од својот приватен профил на Фејсбук на кој што цитираше мисла од францускиот философ Жан Пол Сартр ставил “лајк” предизвика дипломатски скандал со невнимателност.Во оргиналниот пост Димитров пишува: “Само тој што не весла има време да го ниша чамецот”, цитирајќи мисла од
Жан-Пол Сартр.Скандалот Димитров го направил откако ставил знак за допаѓање на коментар на неговиот пост на кој пишува:”Ние ќе победиме и Србија ќе оди во пеколот. Саботажата од Србија е историска”На овој коментар поставена е и порака за самопомош:”Магијата се случува кога не се откажуваш иако сакаш да го сториш тоа. Универзумот секогаш се вљубува во тврдоглаво срце”.Членови на српската заедница во Македонија овој чекор на Димитров го нарекуваат провокација за Србија и Србите во Македонија и очекуваат итно извинување од македонската влада.

SHARE