Интересен инцидент се случил синоќа во Тетово:

„Вчера околу 21.20 часот на ул. Илинденска во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило ‘range rover‘ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар“, стои во денешниот билтен на МВР.

„Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М. кој се претставил како директор на ‘Македонија Пат‘.

По наредба на Јавен обвинител на лицето ке му биде издаден платен налог по член 211 став 4“, наведено е во полицискиот билтен.

SHARE