Директор на СДСМ во АЗС побара “чистење” на луѓе

Аднан Џафероски, член на Извршниот одбор на СДСМ и директор на Агенцијата за заштита и спасување со нова скандалозна порака во јавноста.

Откако пред 5 месеци побара смрт за политички неистомисленици сега бара “чистење” на луѓе.

“Сега имаме ДРЖАВА, ред е да се исчисти од фашизмот и фашистите..”, пишува Џафероски кој не објаснува кои се фашистите во Македонија.

Со оглед на тоа што во Македонија фашизмот е забранета идеологија тогаш логично е Џафероски да бара “чистење” на опозицијата, што подразбира убиства, протерувања, прогон и насилство врз луѓе кои што Џафероски конкретно не ги открива пред јавноста.

Во август Јавното обвинителство му прогледа низ прсти на директорот на СДСМ кога побара смрт за политичките противници за кои најверојатно сега бара “чистење”.

Член на ИО на СДСМ: Умрете “Вмровци”, на потег ОЈО (ФОТО)

SHARE

2 Коментари

  1. Ове е исто како Хитлер да зборува дека некој друг е фашист. Северџанов си ја ишка мувата од капата.

Comments are closed.