Директор на скопска „Дризла“ увезувал италијанско ѓубре во Бугарија

Горан Ангелов, директорот на депонијата „Дрисла“ преку негова фирма во Бугарија „Блацион“ ООД, извршил увоз на 25 контејнери опасен отпад од Италија, пишува, повикуваќи се на извори од бугарски медиуми, порталот СакамДаКажам.

Бугарското Обвинителство веќе отворило истрага за незаконскиот увоз на отпадот од Италија на компанијата „Блацион“ ООД во која управител е Баже Игњатовски, кој исто така е претставник во Собир на содружници на депонијата „Дрисла“ во која Ангелов поседува 15 отсто од сопственоста на бугарската фирма.

Директорот на „Дрисла“ Ангелов денеска беше недостапен на неговиот мобилен телефон да одговори на прашањата на САКАМДАКЖАМ.МК во вмешаноста во трговија со опасен отпад и да каже дали преку неговата бугарска фирма опасен отпад се носел и во „Дрисла“.

Ангелов вчера за државната агенција МИА изјави дека не е вистина она што се наведува во бугарските медиуми и негираше дека како директор на „Дрисла“ соработува со бугарската компанија каде е дел од сопственичката структура.

SHARE