Се отвора простор за нови партиски вработувања со законот што го предлага владејачкото мнозинство според кој сите јавни претпријатие ќе добијат заменици на директорите.

Според предлогот на пратениците Александар Кирацовски и Благоја Трпевски од СДСМ и Реџаил Исмаили од ДУИ замениците би раководеле со претпријатијата во отсуство на директорите.

Прашање е дали целта на законот – кој се предлага да се донесе по скратена постапка – не е во јавните претпријатија каде директори се членови од една, да се вработат заменици од другата партија на власт.

SHARE