Директорот на ГОБ 8ми Септември им одржа лекција на политичарите

Директорот кој минатата недела беше снимен како „превртува очи“ за време на изјава на премиерот денеска им одржа лекција на политичарите по достоинство и одговорност.

Иако видеото во кое се гледаат гримаси на хирургот Кристијан Костов кој е директор на Градската општа болница „8 Септември“, беше објавено на Алфа ТВ на што тој реагираше, денеска токму на барање на оваа телевизија даде интервју за случајот со повредените деца во автобус на ЈСП.

За разлика од голем процент политичари кои по објавување на слични видеа се лутат и одбиваат соработка со медиумите директорот на ГОБ 8ми септември ја покажа својата професионалност и денеска се појави на ТВ Алфа.

Многумина во македонската политика можат да се угледаат на хирургот Костов.

Разговорот со Костов почнува од 20 минута

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=526843814734683&id=280284355399866&sfnsn=mo&s=1317270620&vh=e

SHARE