Директорот на ЈП Службен весник се соочува со кривични пријави за Законот за јазици

Злоупотреба на службена должност, фалсификување на документи и неколку други кривични дела ќе направи Мартин Костовски директор на Службен весник доколку го објави Законот за употреба на јазиците без потпис од претседателот, тврдат правни експерти.

Тие велат дека доколку Костовски се реши да направи правен преседан ќе се соочи со сериозни правни процеси за кои може да помине долго време в затвор.

Според експертите македонските закони не можат да бидат појасни, без указ од претседателот тие не можат да стапат во сила.

Костовски кој важи за близок на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за директор на ЈП Службен весник беше именуван пред 18 месеци.

Костовски е дипломиран правник на  државниот универзитет Кирил и Методи, а девет години бил заменик раководител на секторот за евроинтеграции во Општина Куманово.

Мартин Костовски кој е претседател на општинската организација  на СДСМ во Куманово е пред тешка дилема, да го послуша Талат Џафери или да се подготвува за правни процеси против него.

И законот за јазици испратен во „Службен весник“

SHARE

Оставете коментар