Директорот на Телеком Љушев молчи за контроверзните соработници што му ги избра Заев

Македонски телеком за 15 декември го закажа Собранието на друштвото на кое треба да се изберат новите членови на Одборот на директори, кои ги предложи Владата, јавува порталот Фактор според кој на тоа собрание треба да се изберат нови членови на управниот одбор на една од најбогатите македонски компании.

Според начинот на кој е пласирана имформацијата Телеком нема намера да ги спори предлозите на власта поради нивната некомпетентност и контроверзност што може да влијае на имиџот на германската компанија кај корисниците и на позицијата на пазарот на телекомуникациски услуги.

Меѓу идните соработници на генералниот директор на Телеком Никола Љушев се поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска, поранешниот директор на ЈП Државни патишта Зоран Китанов, потоа екс министерот Садула Дураки. Владата ги предложи и Шкодране Дарлишта, Бардул Насуфи и Аќиф Мехдиу, за членови на управниот одбор на компанијата.

Молкот на менаџментот на Телеком значи дека тој нема забелешка за тоа што од сите предложени само еден или двајца имаат мали познавања на бизниси корисни за тоа што го работи компанијата.

Во исто време со молкот Љушев го крши и мерит системот врз основа на кој се работи секаде во Европа и во овој сектор.

Македонски телеком денеска извести дека на Собранието на друштвото од функцијата членови во Одборот на директори ќе бидат разрешени Назим Буши, Сашо Велески, Замир Мехмети, Дивна Ефтимоска Мирослав Вујиќ и Сашо Симјановски.

Зошто овие луѓе се заменети и по кој критериум богато наградени ќе станат досега најнеуспешната министерка за финансии или човекот кој призна мешање на премиерот во судството и кој цели Куманово го чуваше без вода 2 месеци, од Телеком не објаснуваат.

Мандатот на избраните директори изнесува 4 години што значи дека Љушев до 2024 година блиску ќе соработува со луѓе кои немаат врска со телеком бизнисот